(ФОТО) Голем интерес на кумановчани за Платформата на Единствена Македонија „Битка за Македонија„


15.11.2019 | 21:08:04 | Соопштенија


(ФОТО) Голем интерес на кумановчани за Платформата на Единствена Македонија „Битка за Македонија„

Караванот на Единствена Македонија „Битка за Македонија“, денеска, петок, 15 ноември 2019 беше во Куманово каде тимот предводен од претседателот на партијата д-р Јанко Бачев на средби со народот подели околу 5.000 примероци од Платформата на Единствена Македонија насловена како “Битка за Република Македонија”. Кумановчани покажаа голем интерес за Платформата на Единствена Македонија насловена како „Битка за Македонија“.

Платформата беше објавена на прес конференцијата на Единствена Македонија на 27 октомври 2019, а Караванот тргна низа Македонија на 29 октомври и ќе го посети секое поголемо населено место во државата. Според планот, Платформата до 31.12.2019 во 100.000 примероци ќе биде поделена низ Македонија, со цел, народот да може одблиску да се запознае со стратешките определби за Македонија и Македонците.

Целата држава е во заложништво и можеме да ја ослободиме само доколку делуваме, токму сега, единствени и сплотени во одбрана на Татковината. Влегуваме во финалната битка со марионетската власт во Скопје. Последна шанса за нашата генерација!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Куманово, петок, 15 ноември 2019

Скопје 1