Битолчани порачаа: Платформата на Единствена Македонија „Битка за Македонија„ е последната надеж


09.11.2019 | 15:10:21 | Соопштенија


Битолчани порачаа: Платформата на Единствена Македонија „Битка за Македонија„ е последната надеж

Караванот на Единствена Македонија „Битка за Македонија“, денеска, сабота, 9 ноември 2019 беше во Битола каде тимот предводен од претседателот на партијата д-р Јанко Бачев на средби со народот подели околу 5.000 примероци од Платформата на Единствена Македонија насловена како "Битка за Република Македонија". Битолчани отворено порачаа дека определбите во Платформата се всушност последната надеж за Македонија и Македонците.

Платформата беше објавена на прес конференцијата на Единствена Македонија на 27 октомври 2019, а Караванот тргна низа Македонија на 29 октомври и ќе го посети секое поголемо населено место во државата. Според планот, Платформата до 31.12.2019 во 100.000 примероци ќе биде поделена низ Македонија, со цел, народот да може одблиску да се запознае со стратешките определби за Македонија и Македонците.

Целата држава е во заложништво и можеме да ја ослободиме само доколку делуваме, токму сега, единствени и сплотени во одбрана на Татковината. Влегуваме во финалната битка со марионетската власт во Скопје. Последна шанса за нашата генерација!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Битола, сабота, 9 ноември 2019

Скопје 1 Макпрес Ипортал Локално Стандард Тајм Вести Дејли Грид  

Интегрален текст на Платформата на Единствена Македонија