Да се направи нова економска Југославија за подобар живот на народите


10.11.2019 | 14:09:46 | Соопштенија


Да се направи нова економска Југославија за подобар живот на народите

Единствена Македонија ја поздравува регионалната иницијатива за соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија, но, се залага во ова регионална иницијатива да бидат поканети и БиХ, Црна Гора, Словенија и Хрватска со што последните две држави би биле вклучени во области на соработка кои не се во спротивност со нивните обврски како земји членки во ЕУ.

На тој начин би се направила една нова Југославија со пазар од повеќе од 20 милиони жители што би довело до економски раст и подобар живот за народите на сите овие држави.

Единствена Македонија во контекст на пошироките светски интеграции, го реафирмира ставот дека Република Македонија има алтернатива на НАТО и ЕУ кои промовираат геноциден проект  за бришење на македонскиот народ.

За Единствена Македонија нема дилема. Светот е многу поширок и не завршува во Брисел и Вашингтон. На Република Македонија и треба членство во сојузи кои не го доведуваат во прашање името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја почитува волјата на народот од референдумот лани на 30 септември дека не сака во ЕУ и НАТО и промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 10 ноември 2019

Скопје 1 Макпрес Вести Дејли Грид Тајм