Бачев до нашите во странство. Не се попишувајте, да го направиме фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис неуспешен


12.04.2021 | 10:07:10 | Прес Конференции


Бачев до нашите во странство. Не се попишувајте, да го направиме фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис неуспешен

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, недела, 28 февруари 2021

Почитувани претставници на медиумите,

-„Утре, понеделник 1 март започнува пописот за нашинците кои живеат и работат во странство. Ги повикуваме да го подржат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“за спречување на пописот, односно, доколку власта по секоја цена го направи пописот, да го направиме неуспешен со тоа што нема да излеземе да се попишеме. Веќе на целата јавност и стана јасно дека власта турка политички попис за проценти наместо попис на која реално ќе се преброиме.

Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа дефинитивно се руши темелот на македонската држава, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати.

Исто така, им порачуваме на нашинците во странство дека власта не ви може ништо со заканите од прекршочни казни од 200 евра доколку не се попишете, бидејќи не може да ви пуштат пријава во странска држава а патем тие казни застаруваат за една година. Овие казни нема да поминат и во Македонија, но, ова ќе го објасниме кога ќе почне пописот и во Татковината.

Ајде, да го повториме резултатот од референдумот од септември 2018 кога власта со сите можни уцени извади околу 650.000 луѓе. Ако го повториме ова ќе направиме голема победа бидејќи од тие 650.000 околу 450.000 ќе бидат Албанци, Турци, Роми, Власи, и други и со тоа пописот паѓа сам од себе. Никој нормален нема да прифати дека во Македонија и светот има само околу 200.000 Македонци. Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, недела, 28 февруари 2021 година