Тргна Караванот на Единствена Македонија за делење на Платформата „Битка за Македонија„


30.10.2019 | 10:02:25 | Соопштенија


Тргна Караванот на Единствена Македонија за делење на Платформата „Битка за Македонија„

Членови на Унијата на млади сили на Единствена Македонија, вечерва, среда, 30 октомври 2019, во центарот на Скопје ги поделија првите 2.500 примероци од Платформата на Единствена Македонија насловена како „Битка за Република Македонија“, со што го означија почетокот на Караванот на Единствена Македонија.

Платформата е отпечатена во 100.000 примероци и до крајот на годината Караванот на Единствена Македонија ќе го посети секое населено место во државата, со цел, Платформата да биде поделена на што поголем број луѓе. Платформата беше објавена на прес конференцијата во недела, 27 октомври 2019.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 30 октомври 2019