Заев повторно излажа дека Македонија нема алтернатива на НАТО и ЕУ


30.10.2019 | 08:58:00 | Соопштенија


Заев повторно излажа дека Македонија нема алтернатива на НАТО и ЕУ

Зоран Заев продолжува да лаже штом зине. Во најновото интервју за „Евроњус„ на грчки јазик повторно излажа дека Република Македонија нема алтернатива и дека без Европската унија „ќе бидеме изгубени во темница„.

Очигледно некој е изгубен во Македонија, но, тоа не е народот, туку, Зоран Заев оти Република Македонија има алтернатива на геноцидниот проект на НАТО и ЕУ за бришење на цел еден народ од светската мапа на нации.

За Единствена Македонија нема дилема. Светот е многу поширок и не завршува во Брисел и Вашингтон. На Република Македонија и треба членство во сојузи кои не го доведуваат во прашање името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Токму таква понуда дојде вчера од Брисел, но, од една друга адреса - Постојаниот претставник на Русија во ЕУ и понуди на Македонија да се придружи на Евроазиската економска унија во која како Македонци ќе бидеме свои на своето.

Единствена Македонија смета дека е созреан моментот Македонија да размислува за нови сојузништва, и оттука, треба да се разгледа оваа руска понуда која всушност е реафиримирање на една претходна понуда на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, дека Русија има алтернатива за сите балкански држави.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја почитува волјата на народот од референдумот лани на 30 септември дека не сака во ЕУ и НАТО и промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 30 октомври 2019