(ФОТО) Игор Златковски е нов претседател на ОК Единствена Македонија Куманово


28.10.2019 | 10:26:48 | Соопштенија


(ФОТО) Игор Златковски е нов претседател на ОК Единствена Македонија Куманово

Вечерва, понеделник, 28 октомври 2019 во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Куманово за нов претседател на Општинскиот комитет Куманово е избран Игор Златковски. На настанот присуствуваше и претседателот на партијата Јанко Бачев придружуван од генералниот секретар Ацо Николовски и членовите на Извршниот комитет проф. д-р Вангел Симев и проф. д-р Тони Науновски.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата до 31 декември 2019.

Единствена Македонија продолжува да биде отворена за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 28 октомври 2019