Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам, покани две македонски и пет албански партии, во која држава живееш


21.10.2019 | 09:18:31 | Соопштенија


Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам, покани две македонски и пет албански партии, во која држава живееш

Стево Пендаровски е голем срам за Македонија. Пендаровски заборавил во која држава живее со поканата на гости кај него за изборите да одлучуваат две македонски партии и дури пет партии на албанското малцинство.

Следните парламентарни избори имаат историско значење оти народот треба да го даде одговорот по кој пат ќе оди Македонија - или ќе се зацементира бришењето на сешто е македонско или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи. Т.н лидерски средби во ваков формат не даваат гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и сите државјани на Македонија.

За Единствена Македонија нема дилема. За изборите како исклучително значајно прашање решение треба да се бара според формулата за учество на 15 партии во следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии и тоа од најмалку две причини, прво, учеството на поголем број партии овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите национални малцинства, и второ, учеството само на две македонски и дури пет албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба оти не ја отсликува македонската реалност, недозволиво го фаворизира албанското наспроти македонскиот народ и сите други малцинства во земјата.

Го потсетуваме Пендаровски дека во Татковинската војна во 2001, Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски прифатија преговори со учество само на две македонски и две албански партии заради што државата излезе поразена, посрамена и понижена со немерливи последици до денешно време. Наивно сме верувале дека Пендаровски влече поуки, но, кој тогаш ќе продолжи во разнебитувањето на македонскиот народ и македонската држава?!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 21 октомври 2919