Единствена Македонија до Заев: Ајде сите на избори и народот нека одлучи кој пат ќе го фати Македонија


18.10.2019 | 11:47:37 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев: Ајде  сите на избори и народот нека одлучи кој пат ќе го фати Македонија

Политиките на Зоран Заев на домашен и надворешен план се поразени. Во земјата владее безаконите, криминал и корупција. На надоворешен план Заев доби порака од францускиот претседател Емануел Макрон спакувано во дипломатска обланда за недостаток на реформи во Македонија, а во суштина пораката на Макрон е дека Македонија не може во ЕУ преку национално предавство со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Од друга страна, сведоци сме дека има алтернатива за Македонија и останатите држави од Балканот, наспроти определбата на марионетската власт во Скопје за НАТО и ЕУ.

За вака крупно национално и државно прашање за иднината на Македонија и Македонците нема мандат да одлучува ниту еден орган на државната власт. За ваква одлука мандат има единствено македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Го повикуваме Зоран Заев да стави мораториум за НАТО, ЕУ и договорите со Грција и Бугарија и ајде сите на избори на кои народот ќе каже кој пат ќе го фати Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 18 октомври 2019