Бачев до Помпео: Извини Мајк, морално е, Македонија не ја водат руски ботови и кинеско влијание туку вашите измеќари во Македонија


05.10.2019 | 17:56:28 | Соопштенија


Бачев до Помпео: Извини Мајк, морално е, Македонија не ја водат руски ботови и кинеско влијание туку вашите измеќари во Македонија

-„ Слушнав дека државниот секретар на САД Мајк Помпео во рамките на неговата посета на Македонија изјави дека македонските граѓани треба да се борат против лошите влијанија и да ја водат државата, а не руските ботови и кинеското влијание. Со жалење морам да констатирам дека сум силно изненаден од непознавањето на состојбите од Мајк Помпео кој зборува за погрешна адреса на влијание. За кои руски ботови и кинеско влијание зборува Помпео кога Македонија е заложник на погубното влијание на НАТО и нивните измеќари во земјата - инсталирани, купени и контролирани да служат верно во геноцидниот проект на НАТО за бришење на се што е македонско.

Сочуствувам со непријатната ситуација во која е Помпео, бидејќи не може да ја прифати реалноста дека македонскиот народ не сака во НАТО, не сака да се самоукине и да биде избришан од светската мапа на нации што јасно го потврди на референдумот лани на 30 септември.

Мајк, извини, ама морално е, прифатете ја реалноста дека Македонија не ја водат руски ботови и кинеско влијание туку вашите измеќари во Македонија. Но, те уверувам дека на крај оваа битка ќе ја добие македонскиот народ, влогот е голем, ова е света борба за сите нас за опстанок на цел еден народ и затоа оваа битка ќе ја добиеме поради нескршливиот аргумент: македонскиот народ не сака промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Патем, почитувај го барем твојот претседател Доналд Трамп кој на отворена сцена во Обединетите нации порача дека иднината не им припаѓа на странските измеќари кои се инсталирани да владеат во Македонија, туку на патриотите кои си ги сакаат своите суверени и национални држави “ - потенцираше Бачев во реакцијата на изјавата на Мајк Помпео.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 5 октомври 2019

Скопје 1 Макпрес Опсервер Тајм Дејли Вести Грид