Бачев до Вес Мичел: Злонамерно влијание во Македонија има од НАТО и ЕУ, а не од Русија и Кина


01.10.2019 | 10:47:12 | Соопштенија


Бачев до Вес Мичел: Злонамерно влијание во Македонија има од НАТО и ЕУ, а не од Русија и Кина

Реакција, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, вторник, 1 октомври 2019

-„ Слушнав нешто од поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел денеска во Скопје во рамките на самитот на „Економист„ за некакво штетно влјание на Русија и Кина во Македонија и дека слаб и дестабилизирачки Балкан била главната цел на Кина и Русија. Со жалење морам да констатирам дека Вес Мичел ги испомешал работите, бидејќи зборува за погрешна адреса оти злонамерното влијание во Македонија доаѓа од НАТО и ЕУ, а не од Русија и Кина.

Русија и Кина не го доведуваат во прашање територијалниот интегритет, суверенитет и унитарноста на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, а рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста доаѓа од Македонија. НАТО и ЕУ во спрега со марионетската власт во Скопје, насилно, со уцени и закани бришат се што е македонско со промена името, идентитетот историјата и традицијата на македонскиот народ, нешто, што е недозволиво и забрането со меѓународното право. Замислете која дрскост од Вес Мичел, среде Скопје збрува за некаква нова Македонија и нов Балкан на 21 век, а токму тој и НАТО и ЕУ не ги почитуваат современите цивилизаторски вредности во однос на македонскиот народ и македонската држава оти бришат цел еден народ од светската мапа на нации. Оставам на секој нормален човек да изгради сопствено лично убедување, кој има злонамерно и дестабилизирачко влијание во Македонија - НАТО и ЕУ или Русија и Кина“ - потенцираше Бачев во реакцијата на денешната изјава на Вес Мичел.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 1 октомври 2019 Скопје 1 Макпрес Вести Дејли Грид Тајм