Молкот на СДСМ и ДПМНЕ за сведочењето на Верушевски потврдува оти Заев и Мицкоски се контролирани од ист центар


24.09.2019 | 13:43:15 | Соопштенија


Молкот на СДСМ и ДПМНЕ за сведочењето на Верушевски потврдува оти Заев и Мицкоски се контролирани од ист центар

Поминаа два дена од сведочењето на Зоран Верушевски, а од страна на СДСМ и ДПМНЕ нема специјални прес конференции и жестоко конфронтирање за ова изненадувачко признание од Верушевски дека бомбите за прислушуваните разговори биле сечени, лепени и монтирани.

Незаинтересираноста на СДСМ и ДПМНЕ за исклучително важното сведочење на Верушевски, зборува многу. Се потврдува дека Заев и Мицкоски работат по диктат на ист центар на кого не му оди во прилог да се дигне голема врева околу вистината за прислушуваните разговори.

Затоа и денес СДСМ на прес конференција ја замајуваше јавноста со веќе вообичаените флоскули кои ги верглаат со денови дека Мицкоски бил нервозен и не сакал договор за обвинителството оти сакал да се спаси од одговорност, а Мицкоски возврати со видео обраќање со срцепарателна порака дека ќе го поразел заевизмот, ќе ја обновел Македонија и сите ќе биле среќни и весели.

Колку и да се трудат да кријат, сведочењето на Верушевски ги разоткрива Заев и Мицкоски дека се контролирани од ист центар.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа и која ги полага корените на историското ВМРО, целосно ќе го расчисти случајот со бомбите за прислушуваните разговори кој нанесе голема штета на државата, одговорност мора да има. Дотолку повеќе, испитувањето на т.н. политички бомби може да оди многу лесно биејќи директно инволвираните од типот на Верушевски почнаа сами да се нудат за соработници на правдата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 24 септември 2019