Единствена Македонија до СДСМ: Не е вест да кажете Камчев финансирал кампања, туку вест е ако власта го одземе украденото


19.09.2019 | 15:43:14 | Соопштенија


Единствена Македонија до СДСМ: Не е вест да кажете Камчев финансирал кампања, туку вест е ако власта го одземе украденото

Владеачката СДСМ почнува да го губи компасот со денешното прашање од порпаролот Костадин Костадинов дали Камчев ја финансирал последната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Ги потсетуваме од СДСМ дека се власт, а не граѓанско здружение, и затоа треба да делуваат а не да прашуваат.

Не е вест СДСМ да каже дека Камчев финансирал кампања на ВМРО-ДПМНЕ, туку вест е дали власта на СДСМ ќе го одземе украденото. Да постетиме, Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеше: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра„ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар, а Камчев е еден од тие кои го натоварија бродот.

Народот не гледа никакво фајде од прашања, а украдените 5 милијарди останат нечепнати.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветуваме дека  онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 19 септември 2019