Заев и Мицкоски утре да ја договорат и формата за слобода на уставобранителите


09.09.2019 | 12:13:18 | Соопштенија


Заев и Мицкоски утре да ја договорат и формата за слобода на уставобранителите

Единствена Македонија очекува на утрешната средба меѓу Заев и Мицкоски, покрај разгледувањето на Законот за јавното обвинителство со кој се решава и судбината на специјалното обвинителство, да направат и една добра работа и да ја договорат формата за слобода на уставобранителите - преку претседателот со помилување, или преку Собранието со амнестија.

Судско-обвинитеслкиот систем во земјата е целосно девалвиран и поразен со случаите Рекет и одбивањето на екстрадиција на македонски бегалци од дури три земји членки на Европската Унија - Грција, Унгарија и Шведска со образложение дека станува збор за политички прогон во Македонија во политички монтирани судски процеси. Оттука, нема повеќе никаква смисла да продолжи политичкиот прогон и врз уставобранителите кои се фрлени во темните затворски задани.

Единствена Македонија потсетува дека граѓаните на 27 април влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото оти претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Дури, и поранешниот претседател Иванов при давањето на мандатот на Заев бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки против уставобранителите со што ја потврди општествената опасност за уставниот поредок.

Единствена Македонија верува дека утре Заев и Мицковски ќе бидат на висината на задачата, и меѓудругото, ќе договорат и слободата за уставобранителите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 9 септември 2019

Скопје 1