Бачев: Денес е тежок и тажен ден, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување


08.09.2019 | 09:21:25 | Соопштенија


Бачев: Денес е тежок и тажен ден, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување

Обраќање, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, 8 септември 2019

Претседателот на опозициската партија Единствена Македонија, Јанко Бачев се обрати по повод 8 Септември, Денот на независноста.

-„Денес во Република Македонија е тежок и тажен ден за македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. На 8 Септември денот на независноста, народот е очаен и разочаран од погубните политики на марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар.

Власта брише се што е македонско, односно, го брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, а сето тоа против волјата на народот. Власта кажа „да„ онаму каде македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија на референдумот лани на 30 септември рекоа „не“. Во земјата владее безаконие, криминал и корупција.

Актот на раѓањето на една држава би требало да биде поздравен со манифестации на радост, но, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување. Страшно е да не можеме да се радуваме на еден ваков извонреден настан во историјата на Македонија.

Единствена Македонија како партија која полага корени во историското ВМРО ветува дека ќе ја врати Република Македонија на изворните илинденски и асномски принципи од Уставот од 1991 година. 8 Септември не задолжува да ги победиме непријателите на македонското  дело. Народот во новата легална власт на Единствена Македонија ја гледа последната надеж оти кажуваме директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиоит народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против непријателите на македонското дело“ - се вели во изјавата на Бачев по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 8 септември 2019

Скопје 1