Случајот Рекет покажува дека Македонија нема вистинска Служба за државна безбедност


04.09.2019 | 11:04:40 | Соопштенија


Случајот Рекет покажува дека Македонија нема вистинска Служба за државна безбедност

Единствена Македонија изразува шокираност од добиените сознанија со кои се потврдуваат шпекулациите во јавноста дека бизнисменот Јордан Камчев вршел тајното аудио и видео снимање на рекетарската група со помош на шпионска служба од една соседна земја.

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија сега со право се прашуваат што работат македонските тајни агенти во услови кога главниот сведок во случајот „Рекет“, бизнисменот Камчев слободно си нарачувал услуга од соседна шпионска служба.

Крајно опасно е за националните и државните интереси дококу во целиот снимен материја кој го поседува Камчев и соседната шпионска служба има компромитирачки материјал и за највисоките државни функционери на владеачката СДСМ кои би биле сериозно уценети во актуелните разговори за ревидирање на македонската историја.

Од друга страна, јавноста е сведок како македонската Служба за државна безбедност наместо да се занимава со својата основна работа на разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата, е преокупирана со банални работи за бројот на вработени Албанци во тајната служба.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за вистинска реформа во Службата за државна безбедност со цел да се направи мала, ефикасна и високо оперативна служба за разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата.

Центар за комуникации на Единствена Македoнија Скопје, среда, 4 септември 2019

Макпрес Скопје 1 Тајм Дејли Вести Грид