Доколку Заев има грам морал, вечерва Централниот одбор на СДСМ да донесе одлука за избори


22.08.2019 | 13:01:46 | Соопштенија


Доколку Заев има грам морал, вечерва Централниот одбор на СДСМ да донесе одлука за избори

Зоран Заев доколку има грам морал, совест и одговорност, вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ веднаш да побара распишување на нови парламентарни избори.

Зоран Заев и неговите политики на домашен терен се поразени. Заев направи во земјата да владее безаконите, корупција, криминал и бесмилосно богатење од позиција на власт и врз грбот на народот.

Но, она што е најбито, случајот Рекет во кој се спомнува и името на Зоран Заев покажа дека Катица Јанева како клучен експонент на Заев и неговите странски газди да го гони по задача криминалот на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, всушност самата Јанева потона во криминал со изнудувањето рекет во милиони евра. Да потсетиме на мислењето на Заев за Катица. Тој се колнеше во неа и тврдеше дека верува во нејзините способности и капацитет, дури, сакаше Јанева со закон да ја унапреди и во Републички обвинител.

Сето ова и дава право на Единствена Македонија како автентична опозициска партија да ги оспори резултатите на марионетската власт во Скопје и да побара Зоран Заев веднаш да иницира распишување на предвремени избори.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 22 август 2019

Скопје 1 Макпрес Вести Грид Тајм Дејли