Бачев го честита денот на АРМ: Тажно и опасно, Армијата се става на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО


18.08.2019 | 13:55:20 | Соопштенија


Бачев го честита денот на АРМ: Тажно и опасно, Армијата се става на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО

Честитка, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев Скопје, недела, 18 август 2019

Лидерот на опозициската партија Единствена Македонија, Јанко Бачев го честита Денот на Армијата:

-„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, дозволете најпрвин да го честитам денешниот празник и да ја потенцирам вашата континуирана посветеност во заштитата на територијалниот интегритет на државата. На денешен ден во 1943 година е формирана првата воена единица на НОВ, „Мирче Ацев„ во славната Дебарца која прерасна во македонска војска која заедно со славната советска Црвена Армија се избори за слобода на нашата држава и победа на фашизмот.

Денеска, 76 години подоцна е тажен и опасен ден за македонските војници оти се ставени на погрешната страна на историјата. Марионетската власт во Скопје очајнички по секоја цена го турка приемот на Република Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО - база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на  новата легална власт на Единствена Македонија која ќе ја споречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели. Дозволете ми уште еднаш, почитувани претставници на Армијата, од мое лично име и од име на Единствена Македонија да го честитам Денот на Армијата! - се нагласува во честитката од Бачев по повод Денот на Армијата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 18 август 2019

Медиуми:

Макпрес

Опсервер Народен Глас Дејли Тајм Вести Грид