Заев лаже штом ќе зине - се сретнал со дијаспората, а на средбата немаше македонски организации


15.08.2019 | 21:45:49 | Соопштенија


Заев лаже штом ќе зине - се сретнал со дијаспората, а на средбата немаше македонски организации

Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на целокупната македонска јавност. Заев синоќа беше жив фатен во нова лага која само потврдува дека пучистичката власт постојано се обидува да ја замајува јавноста откако стана јасно дека Македонците во земјата и во светот се определија до крај да ги бранат македонските национални интереси.

Денес владата информираше за средба на Заев со наводни македонски организации од Швајцарија, Белгија, Луксембург, Германија, Италија, Турција, САД, и нивна наводна подршка за политиките на Заев против македонската држава и македонскиот народ.

Во интерес на вистината, го повикуваме Заев да ги каже со точен назив, кој македонски организации биле кај него на средба во владата за наводна подршка на неговите политики!?

Одговорот на ефтината лага на Заев е однапред познат. Немаше ниту една македонска организација на средба кај него, бидејќи организациите на Македонците во странство промовираат семакедонско обединување на основа на Платформа за обединување, со цел, поништување на сите антимакедонски акти na Заев за бришење на се што е македонско, со што Македонците во земјата и светот, единствени и сплотени, јасно ја изразуваат својата намера за борба до конечна победа против предавниците на македонското дело како единствен можен начин да се спречи обидот на власта во Скопје и нивните странски ментори да ги избришат Македонците од светската мапа на нации со промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 15 август 2019

Скопје 1