Заев направи едно општество во кое законите важат само за Македонците, а не и за Албанците


05.08.2019 | 19:04:46 | Соопштенија


Заев направи едно општество во кое законите важат само за Македонците, а не и за Албанците

Зоран Заев веќе не крие дека концептот за едно општество го замислува така што законите ќе важат само за Македонците, а не и за Албанците.

Припадниците на албанското малцинство веќе толку се осилија што повеќе не фермаат устав и закони. Најново гледаме дека градоначалник на ДУИ дозволува дивоградби и се мајтапи дека снемало хартија за да постапи по дивоградбите на платформата на Матка а претходно имаме голем број такви случаи, како на пример, локален шериф на ДУИ гради бесправно во Охрид, локален шериф на ДУИ во Чаир тепа полицајка и се мајтапи дека ја тепал пајакот, цело Арачиново не плаќа данок на имот и комунални сметки, првиот човек на ИВЗ не го есапи обвинителството и не се јавува на распит иако има досега десетина покани... а на сето ова од институциите во државата, целосен молк.

Од друга страна, Македонците се секојдненво изложени на политичко-полициски прогон со разноразни кривични пријави за говор на омраза, уставобранителите се фрлени во занданите на Шутка за измислени дела за тероризам.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија во новата легална власт на Единствена Макеоднија кој доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците ги третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 5 август 2019

Скопје 1