Илинденска честитка од Бачев: Мора да издржиме во битката за Македонија, не им било лесно и на Делчев, Груев, Карев, Питу Гули, Кузман, Ченто...


02.08.2019 | 14:43:01 | Соопштенија


Илинденска честитка од Бачев: Мора да издржиме во битката за Македонија, не им било лесно и на Делчев, Груев, Карев, Питу Гули, Кузман, Ченто...

Честитка, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија
Скопје, 2 август 2019

-„Денес Македонија ја слави и чествува борбата за слобода и независност на македонскиот народ, го одржуваме жив споменот на славниот Илинден, храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија, кога со избувнувањето на Илинденското востание, ние Македонците докажавме дека сме слодољубив народ, жеден за правда, еднаковст и просперитет, и тоа се мотивите кои го предизвикаа и вториот Илинден 1944 година кога е создадена долгоочекуваната и со борба исткаена сопствена модерна македонска држава.

Браќа Македонци и сестри Македонки, ако борбата на нашите предци беше создавањето на независна македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме пред налетот на пучистичката власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско.

Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова не е битка за власт, поединци или лидери, сите ние сме небитни, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија мора да победи.

Впрочем, можел Карев да не се нафати да биде претседател на Крушевската република, можел Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и Илинденците, можел и Ченто да си седи мирен и да ги слуша наредбите од Белград, Делчев и Груев можеле да бидат само учители а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Илинден е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка за одбрана на вековното име, идентитетот и историја и традицијата на македонскиот народ, Единствена Македонија ќе биде секогаш на страната на македонскиот народ, никогаш нема да ја заборави жргвата на илинденците и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.

Нека е честит и вековит Илинден! Нека е вечно делото на двата Илиндена 1903 и 1944 година! Нека е вечна славата на борците за слободна и независна државност. Да ни е вечен споменот на Илинден, да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во честитката од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод државниот празник 2 Август – Илинден.

Скопје 1