Средбите на Мицкоски и Заев со Филип Рикер се тажен ден, извршено е предавство, но ние нема да се предадеме


27.07.2019 | 16:26:01 | Соопштенија


Средбите на Мицкоски и Заев со Филип Рикер  се тажен ден, извршено е предавство, но ние нема да се предадеме

Средбите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски со Филип Рикер се тажен ден за Македонија, извршено е предавство врз суверенитетот на државата со признанието на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека Рикер ги носи одлуките за Македонија.

Марионетската власт на Зоран Заев веќе и не крие дека е инсталирана и купена од странски центар која работи на бришење на се што е македонско.

Но, сега дојде потврдата и за Христијан Мицкоски кој пред средбата со Рикер на прес конференција рече: „Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука„ со што Мицкоски несвесно призна дека Рикер ги носи одлуките за Македонија.

Единствена Македонија ги прашува Заев и Мицкоски, дали се слушате што правите и зборувате. Заев е премиер а Мицкоски претендира да стане премиер. Знаете, или би требало да знаете дека премиерите се државна власт која ги носи одлуките за Македонија, а не дипломати како Рикер.

Единствена Македонија не дава празни ветувања. Ние нема да се предадеме, за новата народна власт која доаѓа времето на марионети во Македонија станува минато. Како што му порачавме на американскиот министер за одбрана Џејм Матис дека ќе ги победиме за референудмот кога дојде во Скопје да му помага на Заев за референдумот од наводно руско мешање, така ич око нема ни трепне на дипломати како Рикер да им кажеме дека не смеат да се доближат до државните институции и може само да кружат околу во радиус од најмалку 500 метри!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 27 јули 2019

Скопје 1