Доколку Филип Рикер вака подмукло и безобразно се заканува во нормални држави, веднаш би бил протеран


26.07.2019 | 13:06:39 | Соопштенија


Доколку Филип Рикер вака подмукло и безобразно се заканува во нормални држави, веднаш би бил протеран

Единствена Македонија силно ги осудува заканите на помошниот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, за време на неговата посета на Република Македонија.

Рикер вчера го посети градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и тоа не заради убавините на Кавадарци туку подмукло да прати порака до Христијан Мицкоски дека ако не биде послушен ќе следи негова замена на лидерското место со разрешениот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев.

Рикер денеска на прес конференцијата со неговата марионета Заев со изјавата до опозицијата дека „времето за политички игри и истакнување, и големи гестови како и играње со перспективите и идеите на граѓаните веќе е поминато“ испрати безобразна закана до опозициските лидери на партии дека мора да бидат послушни.

Со Рикер дојде потврдата дека во изминатите 30 години со Македонија управуваат марионети купени и контролирани од странски центар. Сепак, Рикер е среќен човек оти доколку вака подмукло и безобразно се заканува во нормални држави, веднаш би бил протеран.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните ма Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Со новата легална власт на Единствена Македонија времето на марионети станува минато. Доаѓа времето на народни водачи кои ќе работат во интерес на Македонците и државјаните на Република Макеоднија, а не во интерес на странците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 26 јули 2019