Бачев до Хан: За кое владеење на правото зборуваш кога спротивно на правото бришете цел еден народ


25.07.2019 | 16:59:07 | Соопштенија


Бачев до Хан:  За кое владеење на правото зборуваш кога спротивно на правото бришете цел еден народ

Изјава, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, четврток, 25 јули 2019

-„Слушнав нешто од еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Скопје дека нивните црвени линии во Европската унија во однос на Македонија  биле владеењето на правото. Кажаното од Хан ми лични на еден епитаф на надгробна плоча во едно мало холандско гратче каде пишува - мртвите не се тепаат, но живите имаат поинаков темперамент. За кои црвени линии и за кое владеење на правото зборува Јоханес Хан кога лично тој, и ЕУ, во однос на Македонија ги преминаа сите можни црвени линии и ги погазија сите правила и норми на кои почива денешната меѓународна заедница.

Јоханес Хан и ЕУ во спрега со инсталираната квинслиншка власт во Скопје, насилно, со уцени и закани бришат се што е македонско со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, нешто, што е недозволиво и забрането со меѓународното право. Замислете која дрскост од Хан, среде Скопје бара владеење на правото, а токму тој и ЕУ не го почитуваат овој принцип на современата демократија во однос на македонскиот народ и македонската држава оти бришат цел еден народ од светската мапа на нации.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните нма Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите како Заев и Хан кои не го почитуваат домашното и меѓународното право. Ќе ги поништиме антимакедонските договори со Грција и Бугарија. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветувам дека  онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против непријателите на македонското дело“ - потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток 25 јули 2019