Единствена Македонија до Мицкоски: Добро е што бараш притвор и за Јанева, но кажи некоја дума и за Камчев кој ја украде половина Македонија


21.07.2019 | 16:04:32 | Соопштенија


Единствена Македонија до Мицкоски: Добро е што бараш притвор и за Јанева, но кажи некоја дума и за Камчев кој ја украде половина Македонија

Единствена Македонија ја поздравува заложбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за доследна примена на законот во случајот „Рекет„ вклучително и барањето за определување на мерката притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева.

Единствена Македонија очекува од Мицкоски да продолжи со залагањето за расчистување на криминалниот октопод на власта на Зоран Заев. Но, го охрабруваме Мицкоски да каже по некоја дума и за бескомромисната примена на законот и во однос на Јордан Камчев кој за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ ја украде половина Македонија.

Сакаме да веруваме дека во овие пет дена откако избувна случјаот „Рекет“, од страна на Мицкоски е направен ненамерен превид со тоа што заборави да бара одговорност и за Камчев кој е еден од главните актери кој во спрега со Зоран Заев го актуелизира „Рекет“ во замена за негова слобода.

Единствена Македонија никогаш нема да се помири со селективната и договорна борба со криминалот. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да направиме ревизија и одземање на украденото во криминалната приватизација на СДСМ во која се украдени околу 5 милијарди тогашни германски марки како и во постприватизацискиот период на ВМРО-ДПМНЕ во кој се украдени оклу 5 милијарди евра. Само така Македонија ќе биде држава која ја посакува македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија.

Центар з акомуникации на Единствена Македоиија Скопје, ндела, 21 јули 2019

Скопје 1

Тајм