Како Камчев ја згрешил адресата и наместо во обвинителството пријавил кај Заев, Случајот „Рекет“ мириса на договор


18.07.2019 | 16:47:17 | Соопштенија


Како Камчев ја згрешил адресата и наместо во обвинителството пријавил кај Заев, Случајот „Рекет“ мириса на договор

Со признанието на Зоран Заев дека Јордан Камчев отишол кај него да пријави кривично дело рекетирање, а не во обвинителството, го отвора сомнежот за договор во случајот Рекет.

Одговор мора да има зошто Јордан Камчев ја згрешил адресата и наместо во обвинителството отишол кај Заев во владата да пријави кривично дело, па, Заев дополнително во обвинителството за сметка на Јордан Камчев пријавил дека бизнисменот е рекетиран.

Земајќи предвид дека Заев прв дознал за рекетирањето на Камчев и за акцијата против рекетарите, произлегува дека и оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева е порачана од Заев оти периодот на приведување на рекетарите Бојан Јовановски и Зоран Милевски се совпаѓа со оставката на Јанева.

Севкупно, од сите овие активности може да се изведе аргументот дека во случајот Рекет има некаков договор за кој причините и мотивите за ова најдобро ги знаат Камчев и Заев, дотолку повеќе, Заев според неговите калкулации за добивки и загуби од овој случај, можел и да не отиде во обвинителството да го пријави рекетирањето на Камчев.

Но, одговор мора да има и зошто Камчев без око да му трепне изрази спремност да жртвува 14 милиони евра гаранција во замена за пуштање од притворот и како се заработени овие пари оти од одговорот на ова прашања, јавноста ќе види како во изминатите 30 години е вршен грабежот на народниот имот од позиција на власт!

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж оти ветуваме вистинска борба против криминалците, а не борба против криминалот по претходен договор.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, чеврток, 18 јули 2019

Скопје 1

Макпрес

Македонски весник Мактел Тајм