Во случајот „Рекет„ да се испита и зошто Јордан Камчев без око да му трепне понуди за жртвување 14 милиони евра


17.07.2019 | 17:34:17 | Соопштенија


Во случајот „Рекет„ да се испита и зошто Јордан Камчев без око да му трепне понуди за жртвување 14 милиони евра

Единствена Македонија ги повикува надлежните во случајот „Рекет„ да се испитува не само поводот, туку и причините. Поточно, се да започне од приведувањето на Јордан Камчев лани во ноември и неговото излегување од притвор по предлог на специјалната обвинителка Катица Јанева со рекордна понуда на Камчев од 14 милиони евра гаранција.

Камчев тактички добро се отвори со јавна понуда дека е спремен да жртвува 14 милиони евра и тоа од оправдани причини: народски кажано не се испотил за овие пари туку ги стекна во грабежот за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ каков што грабеж имаме и сега од власта на СДСМ. На понудата на Камчев од 14 милиони евра се налепија притворените за рекет Бојан Јовановски и Зоран Милески топтан со обвинителката Катица Јанева, дотолку повеќе, од описот на кривичните дела се гледа дека се совпаѓа периодот на понудата на Камчев од 14 милионои евра, неговото пуштање од притвор и започнувањето на неговото рекетирање.

Рекетарите Бојан Јовановски и Зоран Милески со нивната менторка Катица Јанева мора да одговараат. Но, одговор мора да има и зошто Камчев без око да му трепне изрази спремност да жртвува 14 милиони евра и како се заработени овие пари. Од одговорот на ова прашање, јавноста ќе види како во изминатите 30 години е вршен грабежот на народниот имот од позиција на власт!

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме рекетарите и бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветуваме дека  онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 17 јули 2019