Единствена Македонија до Заев: Вразуми се и стави мораториум на договорите со Бугарија и Грција до следните избори


14.07.2019 | 21:05:08 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев: Вразуми се и стави мораториум на договорите со Бугарија и Грција до следните избори

На Зоран Заев устата му е полна со фалби дека со договорите со Бугарија и Грција ги решил проблемите и дека нема повеќе отворени прашања со овие две соседни земји. Заев продолжува да лаже штом зине. Излезе на виделина дека договорите со Бугарија и Грција се всушност димна завеса за бришење на сешто е македонско преку работата на заедничките мешовити комисии за ревизија на македонската историја, со крајна цел, Македонија да се покаже како коминтерновска творба.

За триото Заев, Шеќеринска и Димитров можеби проблемите со Грција и Бугарија се решени земајќи предвид дека имаат агенда за бришење на се што е македонско. Но, македонскиот народ никогаш нема да прифати искривување на општо познатите меѓународни факти со обидот Македонија да се прикаже како вештачка држава и бришење на нејзината тримилениумска историја на местото на наменски создадените вештачки држави како што е Грција создадена од западот или Бугарија создадена од царска Русија.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход на Грција и Бугарија спрема македонскиот народ да одговори со мораториум на договорите со Бугарија и Грција до следните парламентарни избори.

Новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ние ќе се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 14 јули 2019

Скопје 1