Уште колкaва брука на државата треба да и направи Заев за да си поднесе оставка


09.07.2019 | 16:38:02 | Соопштенија


Уште колкaва брука на државата треба да и направи Заев за да си поднесе оставка

Единствена Македонија го прашува Зоран Заев што е одговорност и морал за него за да си поднесе оставка по вчерашните телефонски разговори со, како што мислел Заев со Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Не е проблематично за Заев во разговорите прашањето со мито од 100.000 евра оти митото е нешто својствено за Заев. Но, разговорите на Заев се сериозна безбедносна, политичка и дипломатска штета за државата земајќи предвид дека Заев во негативна конотација оговара пријателски земји на Македонија.

Зоран Заев подолго време ја изложува земјата на потсмев и брука на меѓународната сцена со неприфатливо однесување според дипломатските протоколи. Но, среќа во несреќа е, што крајот на Заев е близу оти тој на следните избори ќе биде катастрофално поразен од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. Македонија со новата народна власт која доаѓа ќе се врати на вистинскиот пат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 9 јули 2019

Медиуми:

Скопје 1

Макпрес

Весник

Вечер

Весник

Тајм

Вести

Дејли

Грид