Злосторничко здружување меѓу Заев, амбасадата на САД и пеачката Тодевска, сквернавење на химната е кривично дело


04.07.2019 | 14:17:49 | Соопштенија


Злосторничко здружување меѓу Заев, амбасадата на САД и пеачката Тодевска, сквернавење на химната е кривично дело

Единствена Македонија најостро го осудува синоќешното сквернавење на македонската химна на прославата во американската амбасада со бришењето на имињата на апостолите на македонското револуционерно движење од текстот на химната.

Според Кривичниот законик, во главата кривични дела насловена како „Повреда на угледот на Република Македонија“, јавното изложување на подбив на Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна е пропишано како кривично дело.

Американската амбасада, Зоран Заев и пеачката Тамара Тодевска излегоа со усогласено тврдење дека станува збор за грешка. Да се тврди во еден глас дека пеачката направила грешка е крајни индикативно и упатува на меѓусебна координација во ова злосторство спрема Република Македонија.

Земајќи предвид дека изложувањето на подбив на химната е кривично дело, надлежните органи покрај иницирањето на кривична постапка имаат обврска да испитаат дали во случајот има и злосторничко здружување меѓу пеачката Тамара Тодевска, американската амбасада и нивната марионета Зоран Заев во рамките на геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ и македонската држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 4 јули 2019

Макпрес

Скопје 1