Не е вест ако кажете Рашковски местел тендер, туку вест е ако бандитите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повеќе не местат тендери


02.07.2019 | 17:01:08 | Соопштенија


Не е вест ако кажете Рашковски местел тендер, туку вест е ако бандитите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повеќе не местат тендери

Единствена Македонија ја споделува вознемиреноста со народот од најновиот скандал со местењето на тендер од 7 милиони евра од генералниот секретар во владата, Драги Рашковски. Но, потсетуваме дека во триесетгодишното менување на власта на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, местењето на тендери е вообичаена работа за партијата „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ во криминалната приватизација го опљачка општествениот имот од 5 милијарди тогашни германски марки кој го создаваа сите работни луѓе во социјализмот и дополнително транзициските бандити од СДСМ украдоа уште 2 милијарди марки од шверцот за време на ембаргото на ОН спрема Сојузна Република Југославија.

ВМРО-ДПМНЕ во постприватизациксиот период украде околу 5 милијарди евра што значи дека единстената разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што едните краделе во германски марки, а другите во евра.

Затоа, не е вест ако кажете дека Драги Рашковски од СДСМ наместил тендер, туку вест на денот би била ако кажете дека бандитите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повеќе не местат тендери, оти овие две партии 30 години местат тендери, крадат, лажат и ја растураат државата.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветуваме дека  онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 2 јули 2019