Што уште треба да се случи за Заев да поднесе оставка според европските примери за оставки на премиери и министри


28.06.2019 | 14:43:10 | Соопштенија


Што уште треба да се случи за Заев да поднесе оставка според европските примери за оставки на премиери и министри

Устата на Зоран Заев е полна со демократија, владеење на правото, европски вредности за одговорност, чесност, моралност. И навистина, во земји - членки на Европската Унијата почесто гледаме како премиери и министри си даваат оставки за најбанали прекршувања што ги направиле во вршењето на своите функции.

Во Македонија владее безаконие, корупција и криминал. Марионетската власт во Скопје подолго време ја тресе скандал со масовни вработувања на членови на семејствата и блиски роднини на функционери, кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добивале грантови по неколку стотици илјади евра како и тендери на министри во милиони евра.

Најново, на собраниската седница за пратенички прашања Заев призна дека знае и за рекетот што го врши рекетарска група низ Македонија а во која има и високи функционери на СДСМ и дека знае оти неговиот советник кој се фали со врски кај Емануел Макрон не живее во Франција и платата од македонските даночни обврзници во висина од 1.200 евра ја примал во Србија со што го одбегнувал и данокот во Македонија.

За сите овие скандали на власта во Скопје целосен молк и од НАТО и ЕУ за функционирањето на правната држава. Сега е јасно и зошто. НАТО и ЕУ го гарантираат безаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје, а која за возврат послушно ги  спроведува нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија го прашува премиерот и министер во обид Зоран Заев, ако сите овие скандали на инволвирани луѓе од неговата власт не се доволни барем за негова морална оставка, тогаш, што е морал за Заев и што уште треба да се случи за да поднесе оставка?

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 28 јуни 2019

Медиуми:

А1 он

Скопје 1

Република

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид