Бачев: Како министер за финансии Заев го има под свое и буџетот од 3 милијарди евра, се плашам оти ќе ги однесе на чување дома и девизните резерви


23.06.2019 | 16:39:25 | Соопштенија


Бачев: Како министер за финансии Заев го има под свое и буџетот од 3 милијарди евра, се плашам оти ќе ги однесе на чување дома и девизните резерви

Изјава, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, недела, 23 јуни 2019

Претседателот на Единствена Македонија по повод одлуката Зоран Заев да биде и премиер и министер за финансии, во изјава за медиумите рече:

-„Слушнав дека Зоран Заев се назначил и за министер за финансии со што го става под своја лична контрола и буџетот од 3 милијарди евра. Заев веќе нема насип во бесмилосниот грабеж. Заев кој е купен и контролиран од странски центар избриша се што е македонско и сега на раат го пљачка народот оти ужива заштита на украденото од своите странски газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно им служат.

Заев вели ќе раководел со финансиите бидејќи оваа 2019 година била економска година за повеќе пари за граѓаните. Напротив, 2019 е година за повеќе пари за Заев и фамилијата. 2019 ќе биде година кога Заев и фамилијата стануваат главни дилери на дрога што ќе им донесе 100 милиони евра профит заедно со другите бизниси. Ова го призна и самиот Заев на последниот ТВ дуел со Христијан Мицковски кога кажа дека фирмите на Заев плаќаат по десетина милиони евра данок годишно, што според даночните стапки значи дека остварува годишна добивка од 100 милиони евра.

А народот, народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти на народот му треба и по малку романтика.

Заев сега ќе го има под лична контрола и буџетот од 3 милијарди евра. Се плашам дека прашање на време е кога Заев ќе донесе одлука да му се доделат на чување кај него дома и државните девизни резерви.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветувам дека  онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците“ – истакна Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 23 јуни 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Скопје 1

Нетпрес

Весник

Вечер

24 Инфо

Тајм

Вести

Дејли

Грид