Ти благодарам Емануел што не го признаваш предавството на Заев како услов за влез во ЕУ, паметен чекор


20.06.2019 | 21:40:47 | Соопштенија


Ти благодарам Емануел што не го признаваш предавството на Заев како услов за влез во ЕУ, паметен чекор

Изјава, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, четврток, 20 јуни 2019

Претседателот на Единствена Македонија по повод противењето на Франција за датум за преговори за Македонија, во изјава за јавноста рече:

-„Силно ја поздравувам храброста на претседателот на Франција, Емануел Макрон, откако денеска европската јавност е иформирана зошто Франција го блокира проширувањето на ЕУ со Македонија. Француската позиција дека „нема проширување без зголемување на интеграцијата на Унијата и без испитување во однос на нејзиниот капацитет за апсорпција“ јасно покажува дека националното поништување на македонскиот народ од марионетскиот премиер Зоран Заев за кого цел свет знае дека е инсталиран од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите, не може да се вреднува во Европа која базира на национален и религиски идентитет.

Марионетски влади кои вршат национално предавство врз сопствениот народ нема што да бараат во Унијата. Впрочем, свежи се француските сеќавања какви тешкотии му нанесе на францускиот народ марионетската вишиевска влада на Маршал Петен инсталирана од странци, за што Франција го осуди за велепредавство маршал Петен на смртна казна а покасно преиначена во доживотен затвор.

Единствена Македонија и ја лично сочуствуваме со непријатната ситуација во која е ставен претседателот Макрон оти во скоро време ќе треба реалноста да ја предочи и на марионетата Заев дека недозволиво е една држава да стане членка на ЕУ со национално предавство. Патем, за ова на 28 мај имав корисна средба и со францускиот амбасадор во Скопје, Кристиан Тимоние. Како и да е, голема благодарност Емануел за паметниот чекор на Франција на состанокот на Советот на министри во Луксембург“ - изјави денеска Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 20 јуни 2019

Медимуи:

А1 он

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Дејли

Вести 

Грид