Кој ќе прави бизнис во милиони евра со рудникот Иловица, Зоран или Заев?


18.06.2019 | 15:06:42 | Соопштенија


Кој ќе прави бизнис во милиони евра со рудникот Иловица, Зоран или Заев?

Единствена Македонија ги подржува протестите на локалните жители од општините Босилово и Ново Село и активисти од екодвижењето „Здрава котлина„ кои беа реактивирани вчера и ќе траат до конечното спречување на изградбата на рудникот Иловица-Штука.

Случајот со рудникот за злато и бакар Иловица-Штука е дефинитивна потврда за Зоран Заев како двојна личност оти се изнагледавме за исти случаи едно зборува Зоран а друго Заев.

Зоран Заев пред две години беше решително против изградбата на рудникот Иловица-Штука, а сега не се противи на градбата на рудникот ама ја замајува јавноста дека владата ќе формирала мониторинг тело кое ќе го надгледувало рудникот.

-„Дозволете да се обратам за да го знаете нашиот став и како влада и како политичка опција и како коалиција. Јас го соопштив ставот на владата. Ставот на владата е многу логичен, нешто што го чекаат граѓаните. Лично јас но и владата сме против изградба на рудникот и ќе направиме се да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани“ - рече Зоран Заев на промоцијата на Боро Стојчев како градоначалник на Општина Ново Село во 2017 година.

Се поставува прашањето што е тоа што сега го промени ставот на Заев и на владата во врска со здравјето и животот на граѓаните. Дали тоа е бизнис интересот на Заев и фамилијата во милиони евра за транспорт на 15 милиони тони руда со камиони од Иловица до Република Бугарија а веќе се знае која од триесетината фирми од кланот Заеви и нејзини партнерски фирми ќе го вршат превозот. Бизнисот со златото од овој рудник кој според проценките на Геолошкиот завод на Република Македонија е 70 тони, е посебна приказна.

Засега останува само дилемата, кој се премислува, Зоран или Заев?

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 18 јуни 2019

Медиуми:

А1 он

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид