Заев, покај се и врати го првин името а за мандатот не се грижи оти ќе ти биде одземен на следните избори


07.06.2019 | 15:15:01 | Соопштенија


Заев, покај се и врати го првин името а за мандатот не се грижи оти ќе ти биде одземен на следните избори

Зоран Заев најави дека доколку не добие датум за преговори со ЕУ една од опциите е враќање на мандатот и распишување на избори. Сега кога е многу веројатно дека Македонија нема да добие датум за преговори, Единствена Македонија го повикува Заев најпрвин да го врати името со раскинување на Договорот со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Заев се уште има време и да се покае и да побара и прошка за големиот грев што го направи спрема македонскиот народ и македонската држава. А за мандатот нека не се грижи оти уште од сега е јасно дека македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија ќе му го одземат мандадот со неговиот катастрофален пораз на следните избори кога и да се одржат.

Ја користиме приликата да му препорачаме на Заев да прочита нешто и од Хенри Кисинџер остарената, некогашна ѕвезда на американската дипломатија, а подоцна еден од највлијателните аналитичари во светот за меѓународните односи. Еве што напиша Кисинџер за политичарите од типот на Заев кои само слушаат што ќе им речат странците: „Тие што слепо те слушаат и служат се толку глупави што ќе тргнат по кого било и по што било. Тие се глупави животни што имаат употребна вредност. Затоа, откако ќе ги употребиш, ослободи се од нив...“

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 7 јуни 2019

Медиуми:

Макфакс

Скопје 1

Точка

24 Инфо

Весник

Вечер

Макпрес

Флеш

Тајм

Вести

Дејли

Грид