Бачев-Тимоние: Почитувајте ја реалноста по европските избори и блокирајте го приемот во НАТО и ЕУ оти засекогаш остануваме Македонци


29.05.2019 | 19:18:30 | Соопштенија


Бачев-Тимоние: Почитувајте ја реалноста по европските избори и блокирајте го приемот во НАТО и ЕУ оти засекогаш остануваме Македонци

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев придружуван од членот на Извршниот комитет Ацо Николовски оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристиан Тимоние и заменик-амбасадорот и прв советник Станислас Мрозек.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, стратешките приоритети на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа и новите околности со подемот на националните партии по изборите за Европскиот парламент.

Претседателот Бачев нагласи дека новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе го поништи договорот со Грција за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право. Тој ги запозна соговорниците со меѓународно правно-признатите основи и процедури за ништовноста и пренесе дека македонскиот народ никогаш нема да го прифати бришењето на се што е македонско оти сакаме да бидеме свои на своето.

Во однос на ево-атланските процеси, претседателот Бачев нагласи дека народот референдумски се изјасни дека не сака членство во НАТО и ЕУ и промена на вековното македонско име. Марионетскиот премиер Заев ги лаже сите - и дипломатските претставници во земјата и народот дека Македонија нема алтернатива за евро-атланските интеграции. Соговорниците пројавија интерес околу алтернативите на Македонија заради што Бачев ја изложи надворешно-политичката определба на Единствена Македонија за стратешко партнерство со Русија кое го обезбедува опстанокот на Македонија и Македонците.

Претседателот на Единствена Македонија повика на почитување на новата реалност по европските избори со подемот на националните партии за нова Европа заснована на работа, слобода, народ, право и правда во чии рамки се остваруваат македонските национални интереси, заради што побара од Франција да го блокира приемот на Македонија во НАТО и ЕУ со кој прием се брише се што е македонско.

Претседателот на Единствена Македонија истакна дека во земјата владее безаконие, корупција и криминал, а марионетскиот премиер Заев и врхушката околку него трупат огромни богатства од позиција на власт. Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија е ревизија и одземање на украденото во приватизацијата и постприватизацијата во кои во изминатите 30 години се украдени околу 15 милијарди евра народни пари. Бачев истакна и дека е загрижувачки односот на НАТО и ЕУ кои не ги интересира грабежот врз грбот на народот туку сакаат само марионети кои верно им служат во геноцидниот проект за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Бачев му изрази благодарност на амбасадорот Тимоние за неговите секојдневни активности и иницијативи низ Републиката на образовен и културен план за поблиско запознавање и зближување меѓу македонскиот и францускиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 29 мај 2019

Макпрес

Скопје 1

Македонски медиа сервиис

Тајм

Вести

Дејли

Грид