Честитика за изборниот успех на европските национални партии, на потег е сега Македонија на следните избори


27.05.2019 | 15:13:47 | Соопштенија


Честитика за изборниот успех на европските национални партии, на потег е сега Македонија на следните избори

Единствена Македонија и македонскиот народ упатуваат искрена честитка и силно се радуваат на јасно изразената волја на европските народи на изборите за Европскиот парламент на кои се покажа дека европските народи се помалку веруваат во европскиот дух и во некаков иден проект на Европската Унија.

Изборните резултати за Европскиот парламент се одлична вест и за Македонија оти јасно покажуваат дека иднината на Европа е во почитување на националниот и религискиот идентитет на нациите а во кои рамки Македонија го остварува својот национален и државен интерес.

Европските народи го кажаа своето. На ред е сега македонскиот народ кој нема повеќе право на грешка на следните избори кога и да се одржат.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж.

Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да бидеме на првата линија во одбрана на националните итереси и затоа ветуваме дека сите антимакедонски и антидржавни акти ќе ги поништиме.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 27 мај 2019

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид