(ФОТО) Бачев од македонскиот форум во Виена: Сплотени да ја победиме марионетската власт и да ја поништиме промената на името


27.05.2019 | 11:01:10 | Соопштенија


(ФОТО) Бачев од македонскиот форум во Виена: Сплотени да ја победиме марионетската власт и да ја поништиме промената на името

Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев викендов во Виена учествуваше на Првата европска конференција за Македонија во организација на Координативното тело на Македонската дијаспора за Европа. На конференцијата учествуваа партии од Македонија и здруженија на Македонците од Австрија, Словенија, Италија и Германија.

Претседателот Бачев во своето обраќање рече: - „Сите знаеме дека  марионетската власт во Скопје избриша се што е македонско. Затоа, ние Македонците имаме задача, историска задача пред Македонија, да поништиме се што направи власта во Скопје купена и контролирана од странски центар. Да и помогнеме на Македонија, а тоа можеме да го направиме само доколку на наредните избори се обединиме и направиме силен политички блок од Македонците во земјата и странство кој ќе победи на наредните избори. Тука сме присутни партии и здруженија со различни определби, едни за НАТО и ЕУ, едни за сојуз со Русија, но, нашите партиски идеологии во моментот да ги оставиме на страна. Да се обединиме на Платформа со стратешки точки, сплотени да победиме на наредните избори и да формираме привремена влада со мандат да ги поништи антимакедонските акти со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. По ова,  нашата привремена влада се распушта и  се распишуваат избори во вистинска македонска држава на кои избори секој нека излезе со своите надворешно-политички определби, па, народот нека одлучи по кој пат ќе оди Македонија - дали во НАТО или во сојуз со Русија. Сето ова можеме да го оствариме ако ги надминеме делбите и се обединиме на македонски. Да се вклучиме,  заедно да расчистиме со националните предавници и да ги поништиме опасните закани спрема Републиката. Македонскиот народ каде и да живее е силно вознемирен од разнебитувањето на државата, меѓутоа, новата легална власт произлезена од народот го обезбедува опстанокот и просперитетот на Татковината„ - рече меѓудругото Бачев.

На Собирот присуствуваше и поранешниот амбасадор на Австрија во Република Македонија, Харолд Кочи. Општо е впечатокот на сите пристуни дека е потребно создавање на еден силен политички блок на Македонците во земјата и странство за наредните парламентарните избори во Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 27 мај 2019

Макфакс

Скопје 1

24 Инфо

Тајм

Вести

Дејли

Грид