Реформите во тајната полиција се едно големо ништо, за вистинска служба потребни се две работи


22.05.2019 | 14:51:38 | Соопштенија


Реформите во тајната полиција се едно големо ништо, за вистинска служба потребни се две работи

Единствена Македонија ја информира јавноста дека секојдневните силни написи за суштински реформи во Службата за државна безбедност се едно големо ништо оти во заднина македонската тајна полиција си останува она што беше - служба за гонење на т.н. внатрешни непријатели и политичките неистомисленици.

Доколку Република Македонија сака да има вистинска служба чија основна задача единствено ќе биде квалитетна разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата, а не опсервирање на граѓаните кои размислуваат поинаку од власта, потребни се две концептуални промени во Службата за државна безбедност.

Едната е порадикална, која опфаќа комплетно распуштање на анахроно организираната, структуирана и високо партизираната постоечка Служба за државна безбедност и во најкраток можен рок комплетно екипирање со стручни и професионални кадри по претходно утврдени јасни критериуми.

И втората, поблага варијанта, со менување на принципите и организираноста на Службата за државна безбедност која во моментот се уште работи на т.н. три нивоа, почнувајќи од најниските локални заедници што беше карактеристика за едни други времиња кога требаше да се има увид во активностите на т.н. внатрешен непријател.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за вистинска реформа во Службата за државна безбедност со цел да се направи мала, ефикасна и високо оперативна служба за разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 22 мај 2019

А1 он

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид