За цел свет сме срамна приказна како марионетскиот премиер Заев ја продаде Македонија за своето криминално богатење


18.05.2019 | 14:38:18 | Соопштенија


За цел свет сме срамна приказна како марионетскиот премиер Заев ја продаде Македонија за своето криминално богатење

Европската Унија и марионетскиот премиер Зоран Заев на голема врата убедуваа дека штом се постигне Договорот со Грција се отвора патот за членство на Македонија во ЕУ, но, сега е повеќе од јасно дека Македонија нема да добие датум за преговори за членство во Унијата.

Излезе на виделина дека за цел свет сме срамна приказна како Зоран Заев купен и контролиран од странски центар ја продаде Македонија и Македонците во замена за своето криминално богатење.

Се потврдува она за што подолго време информира Единствена Македонија дека марионетата Заев избриша се што е македонско да ги задоволи барањата на непријателите на македонското дело во НАТО и ЕУ а кои за возврат му го гарантираат на Заев украденото од позиција на власт бидејќи ЕУ и НАТО не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно ќе им служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.

Да потсетиме, 2019 ќе биде година кога странскиот измеќар Зоран Заев станува главен дилер на дрога во Македонија што ќе му донесе 100 милиони евра профит заедно со другите бизниси.

2019 година развој и поеќе пари за марионетата Заев. А народот, народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти Заев знае дека на народот одвреме-наврем му треба и по малку романтика.

Центар за комуниукации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 18 мај 2019

А1 он

Скопје 1

Македонски весник

Тајм

Вести

Дејли

Грид