Не излегувајте на избори во недела, нема македонски кандидати


03.05.2019 | 11:17:19 | Соопштенија


Не излегувајте на избори во недела, нема македонски кандидати

Единствена Македонија го повикува македонскиот народ и сите лојални граѓани на државата да не излегуваат на изборите во недела оти нема македонски кандидати.

Во изборната кампања видовме дека претседателските кандидати немаат намера да го поништат антимакедонскиот договор со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ .

Со неизлегување на изборите и немањето на цензус, изборите ќе бидат неуспешни со што се отвора патот за распишување парламентарни избори на кои може да го осигураме стратешкиот интерес на Татковината. Единствената надеж за Македонија е доколку по следните парламентарни избори дојде народна власт, прво, со определба да го поништи Договорт за промена на името, и второ, да дојде народна власт за која светот е поширок и не завршува во Брисел. Затоа, на следните парламентарни избори, македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија немаат повеќе право на грешка.

Ние во Единствена Македонија сме целосно спремни да бидеме предводници на процесот за враќање на Македонија на изворните принципи на Илинден и АСНОМ!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 3 мај 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Точка

24 Инфо

Скопје 1

Тајм

Вести

Дејли

Грид