Велигденска честитка од Бачев: Преку Христос божјата љубов победи над божјиот гнев, преку македонскиот народ ќе победи Македонија над странските измеќари кои рушат се што е македонско


27.04.2019 | 12:48:58 | Соопштенија


Велигденска честитка од Бачев: Преку Христос божјата љубов победи над божјиот гнев, преку македонскиот народ ќе победи Македонија над странските измеќари кои рушат се што е македонско

„Во името на Единстена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до сите православни христијани по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.

Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја ослободиме македонската света земја која е окупирана од внатрешни странски измеќари и надворешни сили кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина.

Водени од оваа верба, силно веруваме дека во блиска иднина доаѓаат промените во слободна Македонија, а наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и библиска земја“.

Христос Воскресна!

Навистина Воскресна!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 27 април 2019