Слаба излезност на изборите, народот покажа дека сака кандидати на Македонците а не на странците


23.04.2019 | 14:27:47 | Соопштенија


Слаба излезност на изборите, народот покажа дека сака кандидати на Македонците а не на странците

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија се победници во првиот круг на претседателските избори со слабата излезност на изборите.

И покрај големиот поткуп, ветувања за вработувања  и организираното носење по списоци на гласањето од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, народот покажа дека не се плаши од заканите и притисоците и дека државниот интерес го става над личниот интерес.

Народот покажа дека сака македонски кандидати за одбрана на националните и државните интереси а не кандидати на странците за уништување на Македонија и Македонците и затоа во првиот круг имаше слаба излезност и бојкот на изборите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, втроник, 23 април 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

24 Инфо

Тајм

Вести

Дејли

Грид