Министерот Спасовски со куп пријави за говор на омраза против Македонци, а молчи за Сулејман Реџепи


10.04.2019 | 14:26:07 | Соопштенија


Министерот Спасовски со куп пријави за говор на омраза против Македонци, а молчи за Сулејман Реџепи

Поминаа два дена од скандалозното видео во кое поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи го означува македонскиот народ како див и без идентитет, а од страна на МВР целосен молк.

Го потсетуваме министерот во МВР Оливер Спасовски дека секојдневно поднесува кривични пријави против Македонци за говор на омраза, а нема никаква реакција за скандалозниот говор на Сулејман Реџепи кој фрла тешки навреди спрема цел еден народ.

Припадници на албанското малцинство веќе на отворена сцена не фермаат Устав и закони и продолжуваат со опасни провокации, а МВР сето тоа само немо го посматра со што законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите од марионетската власт во Скопје неизбрани од македонскиот народ, Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, втроник, 9 април 2019

Медиуми:

Макфакс

Опсервер

Точка

Вечер

Макпрес

Весник

Тајм

Вести

Дејли

Грид