Иванов да ги помилува барем уставобранителите кога веќе се уплаши да води битка во ОН за одбрана името


08.04.2019 | 17:55:35 | Соопштенија


Иванов да ги помилува барем уставобранителите кога веќе се уплаши да води битка во ОН за одбрана името

Единствена Македонија очекува од претседателот Иванов да ги помилува уставобранителите кои се осудени на затворски казни од преку двеста години само затоа што влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок.

Иванов има и силна морална обврска да даде помилување оти при давањето на мандатот на Заев бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки против уставобранителите со што ја потврди општествената опасност за уставниот поредок.

Единствена Македонија со барањето за помилување всушност го реафирмира својот став од 21 јануари 2018 кога побара од Иванов, Заев и Мицковски на лидерска средба да ја договорат формата за слобода на уставобранителите - преку претседателот со помилување или преку Собранието со амнестија за што поднесовме во Собранието и готов законски текст за амнестија кој остана закочен кај Талат Џафери само затоа што стоеше фуснота дека не го признаваме Џафери се до уставна оценка на одлуката за неговиот избор од страна на Уставниот суд.

Единствена Македонија верува дека Иванов барем на крајот на мандатот ќе се охрабри и ќе ги помилува уставобранителите кога веќе се уплаши да влезе во битка за одбрана на името преку механизмите на Обединетите нации каде ќе ја добиеше подршката на Русија и Кина со што се отвораше патот за проблематизирање на усвоената промена на името во Обединетите нации.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 8 април 2019

Медиуми:

Макфакс

24 Инфо

Макпрес

Точка

Весник

Центар

Вечер

Тајм

Вести

Дејли

Грид