Јанко Бачев и Филип Петровски на средби со нашинците во Швајцарија


25.03.2019 | 16:21:55 | Соопштенија


Јанко Бачев и Филип Петровски на средби со нашинците во Швајцарија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ - Демократска фракција, викендов, 23 и 24 март 2019 остварија средби со нашинците во Швајцарија.

На средбите со нашинците беа разменети мислења за актуелната состојба во Македонија како и во однос на претседателските избори а по интензивните средби и консултации со народот што ќе следат и во Македонија ќе се дефинира конечниот став на ВМРО-ДПМНЕ - Демократска фракција и Единствена Македонија за начинот на дејствувањето во кампањата за претстојните претседателски избори.

Пред присутните зборуваа гостите Јанко Бачев и Филип Петровски а во име на домаќините се обратија Живко Атанасов и Војне Маневски од Заедницата на македонските друштва во Швајцарија. Во обраќањето, меѓудругото, истакнаа: -„Да и помогнеме на Македонија, да се вклучиме, заедно да расчистиме со националните предавници купени и контролирани од странските газди и кои 30 години лажат, крадат и ја растураат државата. Да ги поништиме опасните закани спрема Републиката, прво, промена на името, и второ, федерализација. На крајот, сплотени и единствени ќе успееме. Ова што го слушате марионетската власт дека се е готово, заборавете го, тоа е една голема лага оти ништо не е готово, се ќе биде поништено од новата легална власт во Македонија. Остануваме на првата линија во борбата за одбрана на националните интереси. Под закрилата на оваа идеа никогаш нема да ги изневериме Македонија и Македонците бидејќи исконски сме поврзани со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за суверена и унитарна Македонија на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Своето дејствување и понатаму ќе го темелиме на својата визија за развој на државата во чија основа е одбрана на името, унитарниот карактер на државата, неприфаќање по никоја цена двојазичност и федерализација на земјата, враќање на изворните илинденски и асномски принципи, благосостојба за народот, меѓутоа, ова ќе го оствариме само ако ги надминеме делбите и се обединиме на македонски. Македонскиот народ каде и да живее е силно вознемирен од разнебитувањето на државата од страна на марионетската власт во Скопје, меѓутоа, бидете спокојни, оти новата легална власт произлезена од народот, доаѓа, со што го обезбедуваме опстанокот и просперитетот на Татковината„ им порачаа на нашинците во Швајцарија Бачев, Петровски, Атанасов и Маневски.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 25 март 2019

Медиуми:

Пулс 24

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид