Заев и Мицковски вечерва да и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите откако 5,5, милијарди евра украдени остануваат нечепнати


10.03.2019 | 17:47:51 | Соопштенија


Заев и Мицковски вечерва да и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите откако 5,5, милијарди евра украдени остануваат нечепнати

Единствена Македонија и македонскиот народ ги осудуваат т.н. лидерски средби на Христијан Мицковски и Зоран Заев од партијата „Погреб за Македонија„ составена од ДПМНЕ и СДСМ оти служат единствено за замајување на јавноста кога на сите во Македонија им е јасно дека Мицковски и Заев се контролирани и купени од ист странски центар.

Лагите на странските марионети Заев и Мицковски повеќе не поминуваат оти Заев како опозиционер се силеше дека ако стане премиер ќе расчисти со грабежот од 5,5, милијарди евра на власта на ВМРО-ДПМНЕ или како што велеше Заев сликовито: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5,5, милијарди евра„.

Наместо враќање на украденото, марионетата Заев тргна по стапките на претходната власт на ДПМНЕ и прво што направи си зема лиценца  за производсттво на дрога, бизнис вреден околу 100 милионин евра.

Јавноста се изнагледа обвиненија за уривањето на Космос, набавка на мерцедес, изборни измами и нерегуларности, незаконско следење на комуникаици и уништување на опрема во УБК, бесправно градење, уништување на изборен материјал, мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување..., меѓутоа, овие обвиненија немаат допирни точки со одземањето на украдените 5,5, милијарди евра.

Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор, а притоа украдените 5,5, милијарди останат нечепнати а марионетите Заев и Мицковски ќе глумат лидерски средби кои биле во корист на граѓаните.

За волја на вистината, во случајот на една обвинета новинарка која се товари за даночно затајување сепак ќе дојде до одземање на нелегално стекнатото бидејќи, ќе мора да го врати затаениот данок при купувањето на нејзините гаќи. И толку од украдените 5,5, милијарди евра.

На големиот христијански празник Прочка како празник за прочистување и очистување на гревовите, единствена добра работа на вечерашната т.н. лидерска средба меѓу Мицковски и Заев е доколку и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите во услови кога 5,5, милијарди евра украдени пари остануваат опростени и заборавени.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 10 март 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

24 Инфо

Скопје 1

Опсервер Магазин

Точка

Вечер

Весник

Експрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид