МВР постапува селективно, го испитува само следењето на Пендаровски а не и следењето на Бачев од параполициски структури


08.03.2019 | 15:43:43 | Соопштенија


МВР постапува селективно, го испитува само следењето на Пендаровски а не и следењето на Бачев од параполициски структури

Единствена Македонија очекува од МВР да ги открие лицата кои вршат тајно следење на политичките неистомисленици за партиски потреби, а по вчерашната информација на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски дека бил следен од параполицикси структури на одредена партија.

МВР во разоткривањето на параполициските структури за следење е во законска обврска да нема селективен пристап. Бараме и очекуваме покрај за Стево Пендаровски, МВР да го расветли и следењето на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев за кого излезе документ за негово следење насловен како „Анализа за влијанието на Јанко Бачев и Единствена Македонија врз члеството на ВМРО-ДПМНЕ на терен“ а во документот стои дека е предаден лично на рака на лидерот на една политичка партија.

За Единствена Македонија нема дилема. Во државата не смее никој да биде следен за политичко-партиски потреби било од државната тајна полиција или пак од некакви параполициски структури во партиите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 8 март 2019

Медиуми:

А1 он

ТВ 21

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид