Јанко Бачев и Игор Јанев ја утврдија Стратегијата за враќање на уставното име во ОН по претседателските избори


22.02.2019 | 15:14:35 | Соопштенија


Јанко Бачев и Игор Јанев ја утврдија Стратегијата за враќање на уставното име во ОН по претседателските избори

Ја информираме јавноста дека на синоќешната средба меѓу претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и професорот на Институтот за политички науки од Белград, Игор Јанев, беше утврдена Стратегијата за враќање на уставното име на Република Македонија во Обединетите нации веднаш по победата на кандидатот за претседател на Република Македонија на претстојните избори, Филип Петровски.

Професорот Игор Јанев е  познат во јавноста по тоа што со години се залага за решение околу прашањето за името преку Резолуција во Генералното Собрание на Обединетите нации со која Македонија може да го оствари своето право да го носи името - Република Македонија.

Исто така и претседателот Бачев е на позиција дека името треба од политичкиот да се префрли на правниот терен каде на Македонија во Обединетите нации и стојат на располагање четири меѓународно правно-признати механизми за употреба на името - Република Македонија. Патем, претседателот Бачев е сеуште единствениот во Република Македонија со одбранета докторска дисертација токму на прашањето за употреба на уставното име во Обединетите нации.

Општ е заклучокот кај професорите Бачев и Јанев дека Република Македонија има неотуѓиво и со ништо неограничено меѓународно  правно - признато право да носи име по сопствен избор.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 22 февруари 2019

Медиуми:

Пулс 24

Макпрес

Опсервер

Тајм

Вести

Дејли

Грид